Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици до крајот на мај при гостување во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“.
– Она кое го имавме како постапка, беше прекинато во два наврати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склучува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Мислам дека и пред почетокот на јуни ќе бидат исполнети условите, кажа Арсовска.

Имено по пет месеци откако протестираа приватните превозници Арсовска сеуште нема решение за недостатокот на автобуси во главниот град, граѓаните реагираат секојдневно на невидените гужви и турканици.
На два наврати до сега Советот на Град Скопје не одобри парични средства за набавка на нови автобуси, а нема информација дали до сега е исплатен долгот кон приватните превозници кој беше првична мотивација за протестите при крајот на годината.







