Деновиве на TikTok кружи видео од штотуку венчан пар.
Имено, првиот танц на вљубената двојка е објавен на TikTok и досега има повеќе од 2,7 милиони прегледи. Тоа видео е објавено повеќе пати на различни профили на TikTok, а луѓето од целиот регион се воодушевени од она што го виделе.
Парот најпрвин танцуваше на песната Заувек од Жељко Васиќ, а потоа се префрлија на Исти играчи на Горан Вукошиќ и Мина.
@jelenarakocevic1 ♬ original sound – Jelena
„Премногу јако“, „Олку убава енергија одамна немам видено“, „Најубавото свадбено видео досега“, „Ми го разубави утрото“, „Ја чувствувам љубовта. Прекрасен пар. И јас го сакам ова “, „Ти си сладок“, „Моето омилено видео на TikTok“, се само дел од коментарите под видеото.
По нивното вирално видео, нивната пријателка го објави целиот нивен танц на нејзиниот профил на TikTok.






