Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека е уапсена и мајката на четиринаесетгодишното момче кое го изврши масакрот во белградското училиште, Владислав Рибникар.
„Момчето отсега е на посебно место, ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко е уапсен како сопственик на оружјето што нелегално го чувал, а притворена е и неговата мајка“, изјави Вучиќ.
Претходно денеска на конференција за медиуми во Владата на Србија, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ соопшти дека таткото на момчето е уапсен и дека оружјето употребено во злосторството е негово.
Таткото тврдеше дека двата пиштола и муницијата биле заклучени во сефот под клуч и шифра и дека ги имал сите потребни дозволи за поседување оружје – изјави Гашиќ на конференција за медиуми во Владата на Србија.






