Снимка со медицинарите во Здравствениот дом во Драчево се појави на социјалните мрежи откога беа фатени дека слушаат гласна музика.
На видеото може да се забележи дека во ходниците ечи песна од македонскиот пејач Ефто Пупиноски.
Новиот директор на Здравствениот дом – Скопје, Вулнет Селими, најави санкции поради пуштање прегласна музика во поликлиниката во Драчево.
„По објавувањето видеоснимка од внатрешноста на поликлиниката во Драчево, на која се слушаа песни на исклучително висок тон, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку часа ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток оправдувајќи ја по повод пензионирањето вработен во поликлиниката“, напиша Селими на „Фејсбук“.







