Рускиот претседател Владимир Путин вчера оствари работна посета на Курската област, која се наоѓа на границата со Украина, соопшти утрово Кремљ.
Во рамките на посетата, Путин се сретна со привремениот гувернер на регионот, Александар Хинштајн, како и со претставници на волонтерски организации. Државната телевизија „Русија 24“ емитуваше снимка од средбата, на која се гледа како претседателот разговара со волонтерите околу голема маса со чај и слатки.
Путин одржа и состанок со локални функционери во градот Курчатов, каде што се наоѓа нуклеарната електрана, а го посети и градилиштето на новиот енергетски блок „Курск-2“.
Кремљ претходно објави дека крајот на април Русија целосно ја повратила контролата врз Курската област, за која тврдат дека била привремено заземена од украинските сили во август 2024 година, со поддршка на севернокорејски воени единици.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана информираше дека во последните 12 часа руските сили собориле 159 украински беспилотни летала во неколку региони, меѓу кои и Брјанск и Курск.







