Една жена откри како ослабела, но на многумина тоа не им се допадна.
Оваа жена на Тикток ја следат речиси 65.000 луѓе, а нејзините видеа се прегледани преку два милиони пати. Таа на сите им е интересна поради фактот што ослабела неверојатни 73 килограми, речиси се преполовила. Видеото што го објави е насловено како: „Како би изгледала кога би ослабела 74 килограми“. Жената која се обидува да маршира на простирката во својот дом тежи над 130 килограми. Нејзината трансформацијата е фасцинантна, а на крајот гледаме сосема поинакво лице, таа е ситна, со пократка коса и позира во црна проѕирна блуза под која носи спортски градник во комбинација со тесни црни панталони.
Видеото е прегледано 1,3 милиони пати, а има близу 130.000 „лајкови“ и стотици коментари.
Оваа девојка честопати објавува снимки на кои отворено нагласува дека воопшто не е лесно да се ослабе толку многу, укажувајќи дека мака мачела со килограмите кои не исчезнале во еден ден. Повеќето нејзини објави им служат како мотивација на милионите луѓе кои сакаат своето тело да го доведат во посакуваната форма.
Со оглед на многубројните снимки во кои таа едвај се движи во болничка ноќница, очигледно е дека кај неа е изведен гастричен бајпас, или операција за намалување на желудникот при што на поединецот кој се определил за ваква процедура му е оневозможено да јаде повеќе отколку што може. Во секој друг случај, речиси е невозможно да се симнат 74 килограми, но постојат услови под кои се изведува ваквата операција, а исто така е важно да се одржува новата состојба и драстично да се намали исхраната, во што оваа дама успеала.





