Синот на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, синоќа бил приведен во полицискa акција во еден познат скопски локал каде кај него била пронајдена дрога.
Велковски кратко беше на позивијата директор на БЈБ, бидејќи беше разрешен откако Инфомакс објави афера за злоупотреба на службен автомобил во приватни цели. Имено неговата ќерка го користеше службениор Range Rover на МВР за да оди на одмор во Грција.
После тоа, веќе екс директорот на БЈБ замина да работи во Јавното обвинителство, каде беше близок соработник-истражител на, исто така, веќе поранешна јавна обвинителка.







