Откако најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров ја крена јавноста на нозе со својот прв „новинарски подкаст“ во кој гостин му беше Драган Павловиќ Латас, па по хајката обајцата обајцата завршија со „отворен предмет“ и обвинение во јавното обвинителство, по препорака на истото и јутјуберот и гостинот добија забрана за јавни медиумски настапи.

Или во превод – Стефан Лазаров барем засега, не ќе може да го користи својот Јутјуб канал, што ќе рече – остана без работа, спонзорите му откажаа, а со тоа остана и без приход.

Откако неодамна правеше веридба, а и ја најави свадбата за годинава, за да не мора да биде домазет што ќе го рани невестата, Лазаров реши „принудно да смени професија“. Аналогно на ваквата одлука, јутјуберот решил да бара работа. И тоа јавно.
За среќа, Инстаграм профилот не му го укинаа ниту забранија, па токму на своите Инстаграм приказни Лазаров реши да ги понуди своите работни способности вештини, па кој сака, нека види, размисли и ако му фаќа око, може слободно да го ангажира. Патем, откако лани добро се набилда, ни на крај памет не му паѓаше дека ќе дојде време кога еден ден мускулите ќе му го вадат лебот и колку – толку, полнат џебот. Арно ама и тоа се случи, па затоа Лазаров одлучи јавно да се понуди, па дури и CV да приложи.
Млад, здрав, прав, силен, строен, копачот за него е како детска играчка на песок во плажа. Требало дупка или канал да се ископа, бавча или градина да се прекопа или цвеќињата во нечиј двор, викни го Лазаров – цена по договор!








