Името на Канадско-Франциската пејачка Ла Зара корисниците на социјалните мрежи ја пргласија за фаворит на Евровизискиот натпревар.
Во 2023 година во Ливерпул, Франција ќе ја претставува пејачката со уметничкото име Ла Зара со песната Évidemment. Таа е исто така ко -автор на песна која моментно го држи 11 -то место на букмејкерите. На социјалните мрежи сè повеќе се шират реакциите на ентузијастичките корисници. Многумина веќе ја прогласуваат за фаворит па дури и победник, и сметаат дека песната е најубава од сите што ги слушнале оваа година.

Ла Зара, родена како Фатима Захра Хафди е француско-канадска пејачка. Родена е во Монтреал и е голем обожавател на Евровизија. Како мала, таа често ја пеела победничката песна „L’Oiseau et l’Enfent“ заедно со нејзината мајка.
Сосема е самоука, но многу брзо започна да пишува песни инспирирани од нејзините искуства, исповеди и други длабоки емоции. Нејзините обожаватели посочуваат дека со нејзиниот карактеристичен глас на публиката преку музиката, всушност, да им ги кажува нејзините желби, надежи, но исто така разочараувања.






