Со вакви пораки лекари, болничари, техничари, медицински сестри и административци во кругот на Клинички, за време на паузата протестираа барајќи реализација на договореното покачување на платите од лани, …ама и државна стратегија за да се стави крај на одливот на медицински кадар.
Од Синдикатот на Клинички тврдат дека за незадоволството говорат фактите, според кои во последните три до пет години, Македонија останала посиромашна за околу 8.000 здравствени работници од кои 2.200 лекари.
Освен Синдикатот на Клинички, во исто време и со слични барања пред државните болници излегоа и членовите на Самостојниот синдикат за здравство. Оттаму бараат средба со премиерот Ковачевски и порачаа дека надлежните мора брзо да делуваат, бидејќи со минималната плата во март годинава револтот дополнително ќе пораснел.
Синдикалните организации обвинуваат и дека им се крати правото на лекарите за подоцно пензионирање, со што во последниот период Клиниките останале без 180 искусни доктори што можеле да останат на работа уште три години.
Здравствените работници очекуваат уште неделава да се финализираат собраниските процедури за реконструкцијата на Владата, за со новиот министер Фатмир Меџити да можат да преговараат. Но, во меѓувреме, не исклучуваат радикализација на протестите и штрајк од наредната недела.
ПРИЛОГ НА КАНАЛ 5:





