Павле Трајанов, Демократски Сојуз со писмо до премиерот Ковачевски, како дел од владината коалиција најавува поддршка за новиот валадин партнер, Алијанса доколку, како што се наведува, се заканува дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија по етничка основа околу најавените уставни промени.
Во писмениот допис Трајанов ги реафирмира приоритетите за кои имало усогласени ставови со СДСМ, но за нивната реализација, како што се наведува, досега ништо не е направено. А тоа се измени на изборниот законик, Македонија како една изборна единица, неселективна борба против криминалот преку целосна департизација на надлежните институции, реформи на судскиот систем и друго.







