Жерард Пике продолжува да возвраќа на провокациите кои поранешната сопруга, пејачката Шакира му ги упати преку нејзината најнова песна.
Во песната, која за четири дена има над 122 милиони прегледи, таа говори и за неговата нова врска со Клара Марти.
„Преголема сум за тебе, затоа си со некој како тебе“. „Замени Ферари за Твинго, Замени Ролекс за Касио“, се само дел од стиховите од песната на Шакира.
Од возилото излезе со насмевка и ги поздрави новинарите.
Шакира и Пике во јуни 2022 година објавија дека се разделуваат по 11 години поминати заедно. Парот има два сина на возраст од 9 и 7 години.






