На вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија, министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека јавниот долг ќе надмине историски 60,5% од БДП, со загрижувачки размер од над 6,5 милијарди евра.
Долгпт од 60 отсто до БДП е еден од трите услови што треба да се испонат за да се влезе во еврозоната и се смета за максимално ниво на задолженост што една држава може да си го дозволи.
-Во сегашниот буџет без овој ребаланс има предвидено домашно задолжување од 250 милиони евра на нето основа, повеќе од што сме го имале на почетокот од годината, до сега скоро 200 милиони се искористени, вели Бесими.
Апасиев на твитер распали по партиите од како јавниот долг на Македонија надмина над 60% еве што напиша:
Епа, честито БАНКРОТ-ДРЖАВА! Јавниот долг на Македонија надмина 60% од БДП (максимумот кој го дозволува ЕУ) – за првпат у нашата историја. СДС+ДУИ = Колективна траума и арамилук!
Епа, честито БАНКРОТ-ДРЖАВА!
— Апасиев (@apasiev) October 16, 2020
Јавниот долг на Македонија надмина 60% од БДП (максимумот кој го дозволува ЕУ) – за првпат у нашата историја.
СДС+ДУИ = Колективна траума и арамилук!#ГрчкоСценарио#РазбојничкаДружина






