Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да можат да користат fast-track на аеродромите во Скопје и во Охрид, при влегување во земјава.
Проектот МКарта беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјава кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Северна Македонија во странство.
– Проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Северна Македонија. Забрзаниот премин на нашите аеродроми што се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава – рече Османи






