Лепа Брена на новогодишната ноќ облече ,,контроверзен” фустан кој денеска е сеуште главна тема на Твитер.
Таа носеше тесен фустан со светки и необичен принт, а гледачите ги вознемири дезенот кој ги иcтакнува женските oблини.
Корисниците на социјалните мрежи не кријат колку се збунети од изборот на кралицата на фолкот.
Многумина велат дека ова е најгpдиoт стајлинг што некогаш го носела. „Зошто?“, „Лепа Брена во најгрдиот фустан што сме го виделе во животот“, „Фустанот… Претпоставувам дека е некоја погрешно разбрана уметност“, беа дел од коментарите на Твитер.

По многу критики, пејачката се огласи и ги „замолчи“ сите лажни моралисти.
На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, се што е нормално не привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи… Каков лажен морал! Насликани златни гради на фустанот се проблем! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме – вели пејачката.
Новинарите ја прашаа што сака да каже со овој фустан.
Без жени немаше да има човечност! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот, Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесната жена. Истиот стил на облекување прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе – изјави Брена.






