Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.7 %), Информации и комуникации (12.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.1 %), Уметност, забава и рекреација (7.1 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, изнесува 27 231 денари






