Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Од дете на улица до супер математичар – Амир Дасанов е македонската надеж за подобро утре

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-12-24
in Uncategorized
Од дете на улица до супер математичар – Амир Дасанов е македонската надеж за подобро утре

Амир е евидентиран во 2013 година како дете на улица што пита во Скопје. По разговор и одобрение од мајка му, почнува да го посетува Центарот за деца на улица. На почетокот е многу срамежлив и му треба подолго време да се адаптира. А сега е одличен во математика, сака да учи и да стане информатичар

Амир Десанов e штитеник на дневниот Центар за деца од улица, но се истакнува меѓу другите деца во центарот по тоа што тој е одличен во математика. Обожава да решава задачи и да наоѓа математички решенија. Тој секојдневно вежба, се надградува и корисно го троши времето поминато во центарот.
Амир има 14 години и е деветто одделение. Ученик е во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари. Со помош на ангажманот на наставничките успеа да учествува на натпревар по математика. На натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место.
Перманентно е вклучен во активностите на Дневниот центар за деца на улица.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

– Уште од прво одделение почнав повеќе да ѝ се посветувам на математиката. Ја засакав и супер ми одеше уште на почеток. Сѐ почна откако го посетувам дневниот центар. Вежбав секој ден во дневниот центар со наставничките и наставникот. Сѐ повеќе ме интересираше. Сѐ повеќе учев и сакав да научам нови работи. И резултатите сами дојдоа. Имам учествувано на четири натпревари, но последниот натпревар беше поинаков и ми даде стимул уште повеќе да напредувам. Во иднина би сакал да се насочам кон информатиката, да станам информатичар – вели Амир.

Тој додава дека сите предмети ги сака, има солидно знаење, но математиката најмногу му оди.
Една од неговите наставнички и верни поддржувачи е Александра Лозаноска, воспитувачка во Дневниот центар „Деца на улица“ во Шуто Оризари, која ни сподели дека Амир го посетува центарот од 2013 година.

– Амир беше евидентиран од нашите колеги, стручниот тим, во 2013 година како дете на улица што пита во Скопје со братчето и сестричето и неговата мајка. Тие се евидентирани како жртви на семејно насилство. Живеат кај вујко му. Во разговор и одобрение од мајка му, договоривме Амир да почне да го посетува Центарот за деца на улица. На почетокот беше многу срамежлив и му требаше подолго време да се адаптира. Дури и одбиваше да учи, да оди на училиште. Но со секојдневно настојување успеавме да направиме промена кај него. Во центарот тој добива хигиена, учиме комуникација, културно однесување, социјализација… И секако вежбаме предмети како македонски, математика, ликовно, музичко… Уште на почетокот Амир покажа интерес кон бројките. Вешт беше во решавање задачи, изнаоѓање решенија. Кога ќе се поставеше прашање, сам се јавуваше и без помош од никој го имаше одговорот – ни сподели Александра Лозаноска.

Секојдневната активност и секојдневната посветеност дадоа резултат.

– Тој навистина напредуваше, секако, и неговото знаење секој ден стануваше сѐ поголемо. Тој сега е деветто одделение. Наутро оди на училиште, секогаш е прва смена, а по училиштето доаѓа кај нас, вежбаме задачи, пишуваме домашна, учиме нови работи. Настојуваме да развие работни вештини. Акцент ставаме на образованието. Најголема желба ни е да се запише и да заврши средно. И да стане конкурентен на пазарот на трудот. Затоа со сите сили работиме на овие деца. Сакаме што е можно повеќе да им помогнеме. И секогаш сме отворени за нив. И во лето кога училиштата се на пауза, и за време на зимскиот распуст, ние цело време сме со нив, работиме, стекнуваме здрави навики. И вистинска среќа беше за нас кога Амир самоиницијативно сакаше да учествува во натпреварот по математика. Дознал за него и побара да му помогнеме и да го поддржиме да се натпреварува. Кога се врати со освоено трето место, сите нѐ изненади. Затоа секогаш сме отворени секој талент да го поддржиме – ни раскажува Лозаноска.

Дневниот центар за деца од улица постои од 2006 година, а успехот на Амир е прекрасна вест која во овие тешки времиња ги радува неговите наставнички и е позитивен пример за сите деца.
На децата на улица не им треба сожалување, им треба вистинска помош. Сиромаштијата не е да се нема пари, туку да се изгуби надеж. Амир Десанов е жив пример дека постојат луѓе со големо срце и дека има надеж.

Previous Post

„Влезе мајка со двегодишно дете и запали!“ – Во Тетово се пуши насекаде, па и во болницата

Next Post

„Македонци има во 500 села во Егејска Македонија – дејствуваат како лек на остриот грчки национализам“

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
„Македонци има во 500 села во Егејска Македонија – дејствуваат како лек на остриот грчки национализам“

„Македонци има во 500 села во Егејска Македонија – дејствуваат како лек на остриот грчки национализам“

Recommended

Шеф на нарко-мафија од Македонија уапсен на аеродромот во Женева

10 months ago
Северна Кореја гради ново „чудовиште“ од 5.000 тони: Објавени првите фотографии [ФОТО]

Северна Кореја гради ново „чудовиште“ од 5.000 тони: Објавени првите фотографии [ФОТО]

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.