Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува

by bulevar_com_mk_4dm1n
2022-12-23
in Uncategorized
Мијалков спроведен во затворот во Шутка, каде ќе го издржува 60-дневниот притвор

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет.

Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.

Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.

На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.

Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

Previous Post

„Оставете број, ЌЕ ВИ СЕ ЈАВИМЕ АКО УМРЕ”: Семејство доживеало голгота во болницата во Кочани

Next Post

Дојде „студениот АРМАГЕДОН“, најавени до -55 СТЕПЕНИ (Видео)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Дојде „студениот АРМАГЕДОН“, најавени до -55 СТЕПЕНИ (Видео)

Дојде „студениот АРМАГЕДОН“, најавени до -55 СТЕПЕНИ (Видео)

Recommended

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

7 months ago
СВР Скопје расчисти кривично дело „изнуда“, лишени од слобода три лица кои изнудувале пари од скопјанец

СВР Скопје расчисти кривично дело „изнуда“, лишени од слобода три лица кои изнудувале пари од скопјанец

3 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.