На 19.09.2025 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава за кривично дело „изнуда“ по чл.258 од КЗ. На 18.09.2025 во Скопје, за време на примопредавање на претходно технички обработени парични средства од страна на оштетениот, од слобода е лишен Р.С., а дополнително во врска со пријавеното кривично дело од слобода се лишени и С.Д. и Б.Ј., кои подолг период изнудувале пари од оштетениот скопјанец. По комплетирање на доказниот материјал, во координација со ОЈО Скопје, лицата се изнесени пред судија за претходна постапка, од чија страна на Р.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на С.Д. и Б.Ј. одредени им се мерки за претпазливост.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






