Треба во закон да се внесе задолжителна проверка на психичката состојба на секој функционер. Имаме одлични психијатри кои веднаш ќе одредат кој е хистеричен, психопат, социопат итн.
За еден хипер познат лик, исто познат скопски психијатар ми рече дека човекот е психопат. Јас веќе и самата се сомневав. За жал често ние обичните луѓе, не можеме на време да направиме стручна процена.
Вака, не само што сите ги чувствуваме последиците, туку ми стана страв да отворам телевизор. Во маало кај мене, каде имало и деликвенти, никогаш не сум чула зборови кои е срамно да ги помислиш, а не да ги кажеш јавно.
Кога го напуштив СДС добивав навреди, пцости и што не. Никогаш не сум чувствувала потреба за тоа јавно да тужакам, луѓето да ме жалат, да ц’цкаат или да се ситат. Си ја терав најпоштено, на турбо работата за која ме плаќаа граѓаните.
Возрасни луѓе, чисти, со интегритет не се однесуваат во стилот :”Мамо овој ќе ме тепа”. Па оди си ако имаш потреба да кукаш и не можеш да издржиш. Впрочем, што е тоа што треба да го издржиш и колку ние издржуваме со вакви ликови?!






