Општина Крива Паланка заврши со новогодишното украсување и, како што вели градоначалникот Сашко Митовски, и годинава ќе биде најубаво украсен град во Македонија. Додека во Скопје градоначалничката Данела Арсовска нема поставено ниту еден новогодишен украс и светилки, целиот центар на Крива Паланка е украсен и осветлен. Поставена е новогодишна елка, светилки, украси, има куќички за продажба на пијалоци, храна, новогодишни украси и подароци.

Градоначалникот Митовски вели дека за новогодишниот амбиент на градот не се потрошени буџетски пари, туку украсите се донација на компании и граѓани кои се по потекло од Кирва Паланка, а живеат во странство.

„Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината, а голем дел од нив за Нова Година си доаѓаат дома. Така беше лани, кога им се допадна како беше накитен градот, ми рекоа дека се презадоволни и дека следната година би сакале и тие да учествуваат во украсувањето. И си го одржаа зборот. Затоа оваа година е уште поубаво украсено од лани. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот“, вели Митовски за Сакам да кажам.
Линк до фотографии:






