Франција планира да предложи формирање мултинационална мировна мисија во Пojaсот Газа, која би ја заменила израелската војска и би работела на постепено разоружување на Хамас по завршувањето на конфликтот.
Како можни лидери на силите се посочуваат Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, а мисијата би била официјално неутрална, со повисок меѓународен легитимитет и делување според јасен сет на принципи.
Накратко, распоредувањето би се извршувало во две фази:
Првата фаза започнува по постигнување примирје, со задачи како набљудување на примирјето, заштита на цивилното население, разоружување на Хамас и олеснување на хуманитарен пристап, во координација со Палестинската власт и агенциите на ОН.
Втората, среднорочна до долгорочна фаза, се фокусира на изградба на капацитети за идната палестинска држава, со користење на искуствата од слични мисии на ОН на Косово и во Источен Тимор.
Предлогот истакнува дека ад хок мултинационална мисија под командата на одредени земји би овозможила побрзо распоредување, бидејќи бара помалку формални одобрувања и има поголема веројатност за прифаќање на теренот.






