Работната недела тргна тензично во Скопје, особено за оние кои не може да стигнат навреме на работно место или на училиште, со оглед на блокадите низ Скопје.

Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања.
На твитер од рано изутринава бурни реакции.
Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата.
– Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните, рече Муриќ.






