Легендарниот пејач Здравко Чолиќ (71) важи за еден од најдобрите и најпопуларни изведувачи на нашите простори. Тој пее со ист ентузијазам како и децении порано, а има се повеќе посетители на концертите, иако помладите генерации за него можеа да дознаат само од нивните родители. И со децении – ја има истата долга коса со истата фризура.
На социјалните мрежи деновиве се појави една фотографија, а поткрепена е и со тоа што Здравко не само што е одличен пејач и шоумен, туку и еден од најубавите мажи. Припадничките на понежниот пол буквално паднаа во транс на неговите концерти.

Чола одлично се држи и на почетокот на својата 8-ма деценија од животот, а многумина знаат како изгледал кога бил млад, па се согласуваат дека по изглед и харизма достоен наследник на легендарниот Чола се уште нема се појави. Дамите останаа без зборови кога беше објавена фотографијата на Чола од воените денови.
На оваа фотографија Здравко ја нема својата типична долга коса бидејќи тоа го налагаат воените закони, а тој позираше во униформа составена од сива кошула закопчана до грло и војнички костум во зелена маслинесто боја. Познатиот модник дури во војска носеше црна вратоврска над кошулата, а коментарите не недостигаа на таа негова ретро фотографија.







