Познатата германска манекенка Хајди Клум (48) е позната по својот беспрекорен изглед, кој сака да го покажува на социјалните мрежи и во јавноста воопшто.
Во последната објава Хајди сподели многу провокативна фотографија на Инстаграм. Хајди направи селфи во бањата во бело боди, во преден план е нејзиното деколте, градите и брадавиците кои безгрижно „ѕиркаат“.

Да потсетиме, Хајди во 2019 година се омажи за 16 години помлад сопруг, има четири деца и е исклучително активна на социјалните мрежи каде не престанува да провоцира со свои фотографии.







