Мекдоналдс од 22 ноември ќе работи во Белорусија под името „Delicious and Point“, што е името на рускиот ланец кој ги презеде рестораните на американската компанија во Русија. Официјално објаснување не е дадено.
„Фала му на Бога што заминуваат!“, рече денеска Лукашенко за време на состанокот со работниците од земјоделскиот и прехранбениот сектор. „Мораме сами да го правиме она што го правеше МекДоналдс“, рече тој.
Ресторанската франшиза KSB Victory, која управува со рестораните на МекДоналдс во Белорусија, на 11 ноември објави дека наскоро ќе го промени своето име во „ Delicious and Point “ како во Русија.
Првите ресторани под тоа име биле отворени во Русија на 12 јуни, наместо МекДоналдс, кој ја напушти земјата поради руската инвазија на Украина на 24 февруари. Многу други странски брендови како Coca-Cola, H&M и Ikea го направија истото. Белорусија е единствениот сојузник на Русија во овој конфликт.







