Животот ќе се нормализира по пандемијата само кога ќе бидат исполнети два услови, порача милијардерот Бил Гејтс.
Според него тоа ќе се случи кога ќе се појави втората генерација на вакцини и кога вирусот ќе исчезне на целата планета.
– Единствениот начин да се врати во нормала е да се појави не првата генерација на вакцини, туку втората, која може да биде супер-ефективна и да ја примат голем број луѓе. На тој начин, ќе ја елиминираме болеста на глобално ниво, рече Гејтс.
Тој додаде дека само така ќе можеме да ги решиме сите проблеми што се појавија, во образованието, менталното здравје и да продолжиме да ги градиме на позитивен начин.
Според новиот стандард на Гејтс, кој ги смени размерите на очекувања кога станува збор за пандемија од она што го рече пред само еден месец, Американците можеби ќе треба да живеат со години, и многумина цел живот, со физичко растојание и други епидемиолошки мерки воведени во борба против коронавирусот.
Само пред еден месец, Гејтс објави дека САД може да се вратат во нормала летото 2021 година, благодарение на вакцините.
Тој тогаш исто така објави дека неколку вакцини од првата генерација може да бидат одобрени за употреба на почетокот на следната година.
Гејтс повторно го критикуваше американскиот пристап кон борбата против пандемијата, нарекувајќи го „еден од најлошите во светот“, освен агресивните инвестиции во развојот на вакцината.
Тој изјави дека резултатите од тестовите често не стигнуваат во рок од 24 часа, што ги прави целосно бесмислени. Тој исто така рече дека американскиот систем за тестирање е еден од најлошите во светот во однос на тоа кого треба да бидеме тестирани.
– Ќе има уште многу мртви ако не дејствуваме заедно, рече Гејтс.
Критиките на Гејтс доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп го нарече американскиот одговор на пандемијата „феноменален“ и рече дека тие спасиле животи на потенцијални милиони жртви. Трамп, кој беше позитивен на вирусот корона на 1 октомври, а потоа рече дека е излечен со експериментален третман со моноклонални антитела.
Основачот на „Мајкрософт“ се согласи дека не е во ред да се зборува за лекувањето, бидејќи терапијата што ја добил Трамп според него не е ефикасна за секој пациент, но додава дека засега ветува најмногу.






