Локалните жители и туристите алармираат дека Преспанското езеро полека исчезнува од мапата на природни езера. Езерото е повлечено, а местата кои до лани беа под вода, сега се сува површина или се претворени во мочуришта.
Tрајче Талески, биолог во Хидробиолошкиот завод во Охрид, за Гласот на Америка причините ги гледа на неколку места:
„Високите температури последниве месеци, злоупотребата на водата од реките во горните текови како и лошото менаџирање со подземните води придонесоа за алармантната ситуација. Водата е повлечена и од плажите во Стење, Отешево, Асамати, Претор, Сливница Крани и Брајчино“, вели тој.
Од албанската страна се спремаат со интерпелација на министерот за животна средина кај нас е веќе долго време без никаков одговор е прашањето за Преспаснкото езеро
Вчера во АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ се одржа седница за ИНТРПЕЛАЦИЈА на МИНИСТЕРОТ за животна средина заради состојбата со ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО…
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) October 14, 2020
Кај нас, уште го бараме езерото на мапа…
А кој беше министер? pic.twitter.com/CO8FYlA30z







