Крис Еванс е најсекси маж во 2022 година, барем ако се консултира магазинот People и нивниот годишен избор.
41-годишниот американски актер беше прогласен за овогодишен победник на The Late Show with Stephen Colbert. Откако водителот на емисијата го кажа името на актерот, публиката почна гласно да свирка и да плеска.
“Мајка ми ќе биде толку среќна. Таа е горда на сѐ што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали”, коментирал Крис. Пред Еванс таа титула ја освои Пол Рад.

Инаку, Крис Еванс требаше да ја преземе титулата за најсекси маж пред две години, но луѓето од магазинот People сметаа дека е подобро да се почека една година откако актерот случајно објави слика од својот пенис на Интернет. Имено, во септември 2020 година, Еванс случајно прикачи голи фотографии додека се обидувал да објави видео на Инстаграм.
Еванс брзо ја избришал сликата, но на крајот беше предоцна бидејќи сликите од екранот беа објавени на Твитер, а фотографиите станаа вирални.

Крис Еванс е американски актер кој ја започнал својата кариера со улоги во телевизиски серии, како што е Opposite Sex 2000. Во интервју за People, тој призна дека по 22-годишна кариера, решил малку да забави и да се посвети на слободното време. Тој се обидува да помине што е можно повеќе време со семејството во Бостон.
Тој е најпознат по улогата на Капетан Америка во филмовите на Марвел, но и како Human Torch. Тој исто така глумеше во филмот Fantastic Four (2005) и неговото продолжение од 2007 година. Во 2014 година, Крис Еванс го имаше своето режисерско деби во филмот Before We Go, во кој и самиот глумеше.







