Амбасадорот на Светското првенство во Катар, Калид Салман, две недели пред почетокот, во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ ја окарактеризирал хомосексуалноста како грев – пренесуваат CNN И The Guardian.
Во интервјуто за документарниот филм наречен „Тајниот Катар“ тој рекол дека „многу работи ќе дојдат во неговата земја“ и почнал да зборува за хомосексуалците. Поранешниот фудбалер додал дека сите ќе можат да дојдат во Катар, но дека ќе мора да ги почитуваат правилата на земјата.
„Имам проблем, пред сè, што децата ќе гледаат хомосексуалци. Ќе научат нешто што не е добро. Хомосексуалноста е харам (грев) и е забранета“, потенцира Салман.

Тој смета дека хомосексуалците имаат „ментален проблем“. Потоа, портпаролот на СП го прекинал интервјуто, велат од ЗДФ пред денешното емитување на таа изјава.
Хомосексуалноста во Катар е забранета и може да биде казнета со седум години затвор.







