Словенечката Влада денеска донесе нови рестриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, а една од нив е забраната за собирање повеќе од десет лица. Собирање до 500 луѓе ќе биде можно само со одобрение од Националниот институт за јавно здравје. Забрането е да се служи храна и пијалоци на настаните, а баровите и рестораните ќе ги служат само оние гости кои се оддалечени 1,5 метри. Рекорден број на новозаболени со Ковид-19 денеска се регистирани во Словенија – 387, што е најголем број од почетокот на пандемијата.
Словенија со 380 заболени размислува за вонредна состојба можно е вонредната состојба да биде поделена на региони и општини.Во Македонија сеуште нема некоја сериозна одлука но ако во иднина продолжи високата бројка можно е да има нови рестрикции како што најавуваше министерот Филипче






