Во денешното обраќање во Собранието на Република Македонија, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, истакна дека случувањата во Собранието се шверцување на изборот на уставни судии.
– Точка што не е разгледана и согласно Деловникот не е затворена, не може да има материјал за расправа која би ја расправале на седница.
Како може за точка што стои со статус „неразгледана“ да добиеме Извештај на главна расправа?!about:blank
За да го поентирам вашето пинг-понг играње со ВМРО-ДПМНЕ, ние имаме едно соломонско решение, кое на 17.05.2022 година е поднесено како Предлог-Закон, но никако Вие не го ставате на дневен ред.
Имено, станува збор за предлог-Законот за Уставни судии кој е единствен ваков lex specialis во државава.
Новината кај овој закон е што се воведуваат јасни и проверливи критериуми за дефинирање на уставната флоскула „истакнат правник“. Значи еден правнички поткован закон, којшто Вие двапати одбивате да го ставите на дневен ред.”
#ЛевицаОдПарламент, напишаа од Левица на Фејсбук.







