Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагираше на изјавата на премиерот Ковачевски дека не го познава кој е дека македонизам секогаш ќе има.
Преку видеото објавено на Фејсбук, Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека не е важно дали го познава или не, бидејќи тој и неговите сопартијци знаат кој е тој и од какво семејство потекнува.
„Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите меѓу Заев и Борисов. Носеше папки, вршеше бирократски работи, како машка секретарка. Тоа е задачата на исполнувачите на туѓа волја. Тој е фасада, ја исполнува агендата на Белград и Кремљ“, вели Џамбаски во видеото.
Џамбаски додаде дека Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, фашистичка идеологија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија.







