„Министерот за здравство ќе ги доврши консултациите со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е таа што конечно ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без или со ПЦР-тестови“,рече Заев.
Иако утре e празничен ден, за нас е почеток на неделата, ќе можат граѓаните да патуваат во соседните земји. Во соседните земји од регионот, овде не станува збор за Грција, а не знам со Бугарија конечно како е, но одлуката во регионот на Западен Балкан е донесена, така што границите ќе бидат отворени и граѓаните ќе може да патуваат во соседните земји, но апелирам само тогаш кога е најнеопходно, истакна денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вечерва од полноќ македонските државјани ќе можат да патуваат во соседните земји без ПЦР тест.
Се водат разговори меѓу земјите од регионот да се отворат границите со една изедначена политика, а тоа е да се отворат без ПЦР тестови, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одгвоварајќи на новинарско прашање.
Тој вели дека по однос на ова прашање змјите-членки на ЕУ имаат само препорака, но немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите.
„Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заеднички став“,







