Сакам да знам, кој е тој БУДАЛА во органите што одлучуваат, кој смета дека ширењето на вируси (и бактерии) ќе се спречи со:
1. Со намален број автобуси и автобуски линии во Скопје
2. Скратено работно време на маркетите
3. Скратено работно време на банките
4. Скратено работно време на администрацијата која работи со странки.
5. Намален број на денови за работа на погоренаведените
6. Маски на улица или покрај езеро / кеј.
7. Во кафана / диско ама само во одреден дел од денот или ноќта.
8. Откако човек ке добие температура, тогаш е „опасен за другите“
Тој наместо да ми зема пари од данокот што го плаќам, треба да добие налог да почне од петто оделение пак и да заврши најмалку до четврта година. И да плати приватно за тоа.
Е***те будалите. 9 месеци можеше да имате статистички примерок со прецизност од 99.95% за тоа каде, како се шири болеста, во кои услови, кој се по подложни, што јадат, што пијат… за сè и сешто. И можеше да се изградат РЕАЛНИ ПРЕПОРАКИ.
Како бре идиоте ако имаш еден автобус наместо 5, ќе ја намалиш гужвата во него? Како ако банката работи само два саати, ќе го намалиш редот? Зошто си бе толку ГЛУП?
Доста е за денес.
Ама кога немаме држава, ќе слушаме идиоти. Тоа е.






