Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вчера вечер во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа од болницата.
Како што веќе објавивме во автобус на ЈСП број 51 во Скопје вчера доцна попладне се случила тепачка меѓу малолетници. Неофицијално, причина за инцидентот била девојка и отстапување на место во автобусот за неа. Во тепачката двајца малолетници посегнале по нож при што меѓу себе си нанеле повреди на рацете.
Од МВР се уште нема официјални информации за случајот. Најавуваат детали по комплетирањето на целата увидна постапка.






