Граѓаните лути и гневни по најавите за новите рестриктивни мерки кои што завчера ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. На социјалните мрежи тие најмногу му забележуваат на мерка за ограничување на примање гости во домовите, кога од друга страна градските автобуси во Скопје се преполни со патници.
„Едно знам, Филипче одамна или воопшто не се качил во автобуси“, пишува револтиран граѓанин на социјалната мрежа Фејзбук.

Реакциите на граѓаните се оправдани, имајќи ја во предвид состојбата со автобусите во СЈП. Имено, во многу автобуси од јавниот превоз во главниот град се надминува дозволениот број патници во време на пандемија.
Ова може да се види и на овие фотографии кои се споделуваат на социјалните мрежи од револтирани граѓани, но и од сликите кои што ние ги направивме на лице место во еден од скопските автобуси. На нив јасно се гледа автобусот е пренатрупан со патници, без никаква можност за одржување социјална дистанца.






