Член на Централниот одбор на СДСМ и екс заменичка градоначалничка на Битола од истата партија за малку повеќе од една минута успеала да ја убеди комисијата во Агенцијата за електронски комуникации дека таа е најдобар кандидат за работно место кое носи 900 евра месечно.
Противкандидатот информатичар кој има соодветно образование а има 35 години останал без работното место кое го добила функционерката на СДСМ која за 100 секунди освоила максимални 40 поени.
Новопечениот кадар на АЕК работела како професорка во средно училиште.
,,Честитки за госпоѓа Емилија Костурски, член на ЦО на СДСМ од Битола, за новото вработување во АЕК, за нето плата од 55.000 денари. Можеби како наставничка на возраст од 56 години не била задоволна од платата во медицинското училиште, или можеби директорот на АЕК (Јетон Акику, ДУИ) проценил дека Емилија Костурски е најдобриот стручњак во Битола без кој институцијата нема да може да напредува”, открива шефот на Комисијата за надворешни работи во Собранието Антонио Милошоски кој објавува дека на августовскиот оглас во АЕК конкурирале г-а Костурски (завршен електро факултет) и еден помлад 35 годишен човек со завршен информатички факултет.
,,Но, иако во огласот се бара соработник за информатички технологии, сепак АЕК ја избира Емилија Костурски, што остава сомнеж дека конкурсот е наместен. Интересно е што на интервјуто во Агенцијата за администрација информатичарот добива 35 поени, а госпоѓата од СДСМ ги добива сите 40 поени, ни поен помалку од максимумот. Браво. Изгледа дека госпоѓа Костурски навистина е талент по информатички технолигии, само хејтерите би рекле дека огласот во АЕК е наместен за неа, а тоа што таа беше советничка и заменик градоначалник на Битола од СДСМ веројатно е чиста случајност”, пишува Милошоски.
Младиот информатичар без партиски врски го обжалил решението на АЕК и во следниот период останува да се види дали 35 годишниот дипломиран информатичар ќе успее да докаже дека неговата стручност е побитна од клиентелизмот на госпоѓата Костурски.







