Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ученичка разочарана од ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј ја разбранува јавноста: Секое сабајле слушав навреди како глуп, дебела, сељак, социопат

by admin
2022-08-04
in Uncategorized
Ученичка разочарана од ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј ја разбранува јавноста: Секое сабајле слушав навреди како глуп, дебела, сељак, социопат

Ова е најискрениот текст што сум го напишала во животот и многу би ми значело ако одвоите 5 минути да го прочитате.Четири ужасни години. Завршуваш основно образование, со нетрпение чекаш да ги искусиш “најубавите години”, средношколските денови, и како надарено дете, перспективен иден уметник/музичар да почнеш полека да чекориш по својот пат. Како дел од генерација која веќе го помина ужасот што ни го приреди “Луј”, сметам дека нема повеќе простор за ќутење и страв од уцени, и дека ако веќе рекламираме “вистински вредности” без вистински промени нема да тргнеме никаде. Со генерации си прераскажуваме бизарни приказни за “Луј” и верувам ,за жал ,дека за поголем дел од нашите соученици и колеги овој статус не е ништо ново. Позади убавите објави и безбројните слики по социјалните мрежи се крие нешто што баш на никој не му го посакувам, поготово не на дете.На ниедно 15 годишно дете не му посакувам за добро утро да слуша пцовки и навреди како глуп, неспособен, хемиски експеримент, бескорисен, дебела, социопат, сељак и куп други што ми е гад да ги набројам, и секој обид за спротиставување на истите да биде проследен со “ќе те паднам година”, “ќе попиеш бокс” и разноразни уцени.Ниедно дете не заслужува да биде под константниот притисок на нечие променливо расположение и можни агресивни реакции, и ниедно дете не заслужува да ги трпи последиците на тоа однесување, поготово кога истото доаѓа од возрасни луѓе, професори од кои зависи неговото формално образование и кои како мали не учеа да ги гледаме како “втори родители”. Не важи ова ни само за деца, едноставно, ниеден човек. Да ве изеде срам за сите деца кои поради психичкото насилство, сопки, завист, селективност и неправда кои ги доживеавме во “Луј” не спиевме, се враќавме со плачење дома, прерано се сретнавме со анксиозност, панични напади, депресивни мисли и ниска самодоверба. Да ве изеде срам за сите талентирани деца на кои им ги срушивте соништата со вашиот непедагошки, впрочем, нечовечки однос и за сите нас кои не успеавте да не оборите и кои ги прерипувавме вашите сопки. Да ве изеде срам што дозволивте да не нема од вашите часови само за да не бидеме денешниот предмет на ругање и да се заштитиме од нови удари по нашето здравје. Па, затоа што многу можеби и ќе се препознаете, кажете ми како спиете навечер, знаејќи за сѐ што оставате зад себе, не знам како не ве гризе совест за секое едно дете? Секоја чест на малиот процент на педагози во таа зграда што си игра школо, кај кои со радост одевме на часови и од кои навистина научивме, кои ни го посветуваа и своето лично време и викенди и празници, кај кои ако не бевме спремни одевме со срам, навистина сте ретки и недоволно ценети. За жал, и тие исклучоци самите се често “мета” на лошотијата која владее, со години предмет на неправди и мобинг, и едноставно, лошото го надвладува доброто.Ако не можете да се ставите на наше место, ставете се на местото на нашите родители кои гледаа низ што поминуваме сите овие години. Замислете како е да знаете дека секое сабајле го праќате детето да биде вреѓано, малтретирано и омаловажувано. Да седи по 8-12 саати со невозможен распоред на часови направен во корист на професорите а, секако не во корист на децата составен од 20тина предмети од кои, барем пола не го поткрепуваат неговото знаење и остатокот од тој исцрпен ден психички и физички, да мора да се посвети на инструментот и останатите обврски. Да не заборавиме дека добар дел професори кога нешто ни одеше потешко или намерно не туркаа со пониски оценки слушавме “епа ќе си дојдеш на приватен час ако сакаш да поправиш”, бидејќи нели ако веќе е нефункционална редовната настава за додатна и дополнителна не станува збор, и секако интерните бизниси не смеат да трпат. И драга директоре Danica, пред да не нападнете во ист манир како и вашите колеги, размислете какви “вредности” презентирате и на какви ужаси замижувате. Ниеден хаштаг, ниедна слика и публицитет нема да ја прикрие вистината, и ниеден притисок и реакција на овој статус нема да успее. Во иднина Ви посакуваме да размислите два пати пред безосетно да враќате ученици кои собрале храброст да изреагираат на насилството со кое се борат, да имате во предвид и дека можеби и “туѓите деца” заслужуваат поддршка, а не препреки и да размислите дали вреди да си ги заштитите колегите/пријатели и да ја прикривате нивната некомпетентност. Знаеме дека се трудите, во една година направивте многу повеќе него ли било кој пред Вас, но верувајте дека без основни промени сѐ друго е џабе. Да, имаше и убаво. Понекогаш тоа што го поминувавме не сплотуваше како генерација, се дружевме, сочувстувавме едни со други, свиревме и пеевме и покрај сѐ се трудевме и боревме. Сите намалени оценки од “зашо така сакам бе” и “е сеа ќе видиш”, сите паднати аудиции затоа што “него/нејзе мораа да го/ја примат” и осветување на ученици ради колегијалните кавги, сите етикети и навреди, сите поделби на “внуци” и туѓинци, сите закани и неправди можат само да ви служат на честа што ја немате. Не го доживувајте ова како напад, повеќе како повик за будење и порака дека пред вашите глупости нема вечно да се мижи. Ве разбираме и вас, професори, демотивирани сте од ниските плати, од лошите, понекогаш и невозможни услови за работа и револтирани од фактот што и поголем дел од вас искусиле на своја кожа сличен третман. Но , нема оправдувања, и пред да се изгорат следните генерации, мора нешто да се смени. Нема никаков репорт или блок да го тргне статусов, ова ќе си стои. Лутете се, ругајте не нас “неблагодарните дечишта”, но сепак се надевам барем ќе ве натераме малку да размислите.

Со љубов❤️

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Previous Post

Државен завод за ревизија: Потрошени се 58 милиони евра за патишта и пруги што не постојат

Next Post

Жена ЗАПАЛИ ВОЗИЛО во Делчево, снимена е од надзорна камера

admin

admin

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Жена ЗАПАЛИ ВОЗИЛО во Делчево, снимена е од надзорна камера

Жена ЗАПАЛИ ВОЗИЛО во Делчево, снимена е од надзорна камера

Recommended

Почна пријавувањето за традиционалната „Трка на дедомразовци“ во Скопје

Почна пријавувањето за традиционалната „Трка на дедомразовци“ во Скопје

4 years ago
Иран: Трамп не молеше да постигнеме примирје

Иран: Трамп не молеше да постигнеме примирје

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.