Иранските државни медиуми преку ноќ објавија вест за примирје одобрено од американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека тоа било „наметнато на Израел по успешниот воен одговор на Техеран на американската агресија“.
Како индикација дека Техеран планира да ја претстави паузата на нападите пред иранската јавност, државната телевизија објави дека Трамп побарал прекин на огнот „на начин кој наликува на молба“.
Сепак, Трамп имаше поинаква верзија на настаните.
На платформата Truth Social, американскиот претседател изјави дека Израел и Иран му се обратиле „готово истовремено и побарале мир“.
„Израел и Иран ми се обратија, речиси истовремено, и рекоа: ‘Мир!’ Знаев дека моментот пристигнал. Светот и Блискиот Исток се вистинските победници! Двете нации ќе доживеат огромна љубов, мир и просперитет во својата иднина. Толку многу можат да добијат, а толку многу да изгубат ако се оддалечат од патот на правдата и вистината. Иднината на Израел и Иран е неограничена и исполнета со големи ветувања. Бог нека ве благослови!“ напиша Трамп.
Оваа изјава ја потврдува желбата за мир, но и сложената природа на односите меѓу двете земји, во периодот кога светот со надеж го следи можното затоплување на односите.






