Интервенција на грчките специјални сили за несреќи (ЕМАК) била потребна во хотел на островот Крит, откако за време на одржување на хотелскиот базен наместо хлор во него од засега непознати причини била истурена солна киселина.
Грчките медиуми објавија дека единица на ЕМАК на Крит интервенирала бидејќи станувало збор за хемиски инцидент со висок ризик за оние кои би биле изложени на киселината со вдишување или ако истата дојде во контакт со кожата.
Грешката предизвикала хемиско соединение што резултирало со појава на каустична пена. Според информациите, пената ја изгорела облеката на некои од вработените.











Грешката предизвикала хемиско соединение што резултирало со појава на каустична пена. Според информациите, пената ја изгорела облеката на некои од вработените.







