Денешниот датум 12 јули во православното христијанство е посветен на чествување на светиот апостол Петар. Меѓу народот празник е познат како Петровден.
Именден денес празнуваат: Петар, Петре, Петра, Петранка, Петруна…Утре (13 јули) на Павловден, именден слават: Павле, Пајо, Павлина…
Апостолот Петар се смета за олицетворение на цврстата и искрена вера. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно: Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч.
Утрото на Петровден се оди во црква, а оној кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и Св. Петар тој ден земал срп и жнеел.







