Во однос на јазикот, Бугарскиот културен клуб – Скопје ја повикува бугарската страна да престане да поставува какви било услови, како поставување на ѕвездички или какви било опструкции за користењето на македонскиот јазик како официјален во сите меѓународни организации
Ако со потпишаниот Договор, двете влади го признаваат фактот за „заедничка историја”, тогаш тоа не може да биде меѓудржавен спор.Ако имаме заедничка историја, тогаш таа не може да се краде и историјата не може да се промени, затоа што таа е таква какво што се случила. Не се прифатливи и комплицирани објаснувања на јавни настани“, се вели во Меморандумот.
-Време е сите граѓани, самите да дознаат за дејноста на преродбениците и револуционерите преку нивните дела, а не преку посредници кои од политички цели ги плашат дека некој се обидува да ни ја смени историјата. Историјата не може да се смени ! Таа се случила така, како што се случила независно од политичките манипулации, велат од БККС.
Повеќе на плус инфо https://plusinfo.mk/bugarite-od-skop-e-porachaa-nie-sme-dva-naroda-ramnopravni-naslednici-na-zaednichkata-istori-a/







