Трите медицински сестри кои дадоа отказ поради сериозни проблеми во Ковид 19 центарот на Инфективната клиника во Скопје по кратка постапка биле сменети од своите раководни позиции на Клиниката.
И покрај најавата на министерот Филипче кој веднаш се сретна со нив дека ќе се најде начин да се решат проблемите за тие да се задржат тие биле веднаш професионално уназадени.
Ова го тврди лекарот и активист Ненад Лазаров кој е меѓу најгласните за правата и подобрите услови за работа на здравствените работници.
“Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот другиот ден, експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот”, пишува доктор Лазаров во шокантната информација според која трите столба на Инфективната клиника во очекување на интензивирање на коронакризата биле веднаш разрешени од одговорните позиции.
“Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници”, изјави Филипче откако се сретна со искусните медицински работнички кои предходно најавија дека ќе си заминат од Клиниката.
Според Лазаров наместо Филипче навистина да ги мотивира да останат тие наредниот ден биле смени од своите позиции без да се чека да се вратат од одмор.







