Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

На ХИРУРЗИТЕ од ГОБ „8-ми Септември“ им скисна, излегуваат на ПРОТЕСТ: Другите болестите НЕ ИСЧЕЗНУВААТ поради пандемијата

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-09-24
in Uncategorized

Хирурзите во болницата ГОБ „8 Септември“ в понеделник ќе го искажат своето незадоволство поради проблемите со функционирањето на хируршките сали, а тоа ќе го сторат на начин што ќе ги стават инструментите во фиока и ќе ги откажат сите закажани операции на пациенти. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот колектив во болницата, кој преку писмо до медиумите соопшти дека операции ќе бидат извршени само врз пациентите во животозагрозувачка состојба, кои ќе бидат соодветно прифатени и згрижени.

Изворот на револтот кај хирурзите е во тоа што како колектив не добиваат прием кај директорот на болницата Христијан Костов за да поразговараат за проблемите со хируршките сали.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

„Во болницата секојдневно функционираат само две хируршки сали дневно наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот. Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или директорот не ги спроведува ниту предложува други решенија. ГОБ ’8 Септември‘ е столб на здравството во државата. Во изминативе две години ние сме главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво, а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ ’8 Септември‘ е сè уште на секундарно ниво“, се вели во писмото.

Нашите барања, наведува хируршкиот колектив, се да се овозможат услови во болницата за да може да им пружи хируршка здравствена заштита на поголем број пациенти чии болести не исчезнуваат поради пандемијата.

„За надминување на ситуацијата постојат неколку решенија и сме отворени за дополнителни предлози. Поради сериозноста на ситуацијата, како предупредување и начин на алармирање за ситуацијата, наредната недела од 27 септември ќе биде прекинат селективниот хируршки програм во болницата, но поради нашите пациенти сите кои се во животозагрозувачка состојба ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Се надеваме дека ова наше барање ќе биде разгледано и постапено по истото, ако не од директорот на институцијата, тогаш од министерот за здравство или од претседателот на владата“, наведено е во писмото.

Previous Post

„Се моли премиерот да не не’ третира за малоумни“

Next Post

(Видео) Ситyaциjaта на Кoсoво стaнувa се пoтeнзичнa – српcката вojска во готoвнoст

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
(Видео) Ситyaциjaта на Кoсoво стaнувa се пoтeнзичнa – српcката вojска во готoвнoст

(Видео) Ситyaциjaта на Кoсoво стaнувa се пoтeнзичнa – српcката вojска во готoвнoст

Recommended

ВО ГЕРМАНИЈА ВО ЈАНУАРИ МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ – на овие вработени ќе им биде зголемена заработувачката

11 months ago

(ВИДЕО) Пекол во Москва: Масовен украински напад – гори небото, облакодери во пламен!

9 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.