Прекрасната природа над езерото Козјак во близина на Скопје блесна со сиот свој сјај откако во саботата неколку десетици ентузијасти го исчистија од ѓубрето и сметот што го обременуваа(т) ова излетничко место, информираат од Волонтерски центар Скопје, кои се организатори на оваа акција.
Во три часа колку што траеше акцијата, собрани беа околу 130 вреќи со ѓубре, најмногу пластични шишиња, лименки, хартија и остатоци од храна.

Огромно браво дечки!
Целосната статија прочитајте ја на порталот www.ako.mk






