Шериф Коњевиќ денес полни 64 години, а со децении важи за еден од балканските најбаани пејачи. Неговите песни станаа хитови, а познато е дека првиот недвижен имот го изградил од песната „Бели венчаници“.
-Чесно го заработив и за ова се борев цел живот. Јас сум домаќин, сакам да бидам фин, чист и пријатен. Работам многу и тогаш мојот дом мора да биде таков – изјавил пејачот во една емисија, а потоа се присетил на својот прв заработен недвижен имот, од периодот кога се уште не стекнал голема популарност.
– Заработив многу пари поради песната „Бела венчаница“ која беше продадена во околу 850.000 примероци. Тоа ми беше несфатливо. Но, преку тој успех добив финансии и купив стан и автомобил – откри тој, додавајќи дека на ѕидот од својата вила нацртал мурал кој ја имитира неговата семејна куќа во Саница, каде што израснал.
Инаку, Шериф на една свадба крунисан со златна круна.
– Ова многу ќе го паметат оние кои не се среќни што ова се случи овде вечерва, ви благодарам од се срце – изјави тогаш Коњевиќ.






