Вечерва, на лизгалиштето кај Магнолија, го поздравивме 2000-тиот лизгач за само еден ден! Лизгалиштето, дел од „Зимска приказна“, стана центар на празничната магија што ја обединува Битола во овој зимски период.

Со поглед кон градскиот часовник, историските знаменитости и уникатната атмосфера на Широк Сокак, секој момент тука се претвора во вистинска бајка. Вечерта беше совршена, ветувајќи дека празничниот дух ќе продолжи да ги инспирира жителите и посетителите на градот.

Градоначалникот Тони Коњановски ги повика сите да се приклучат на магијата: да облечат лизгалки, да остават грижите настрана и да станат дел од најубавата зимска сцена во Македонија.

Битола продолжува да блеска како град на традицијата, историјата и радоста, каде празничниот дух никогаш не запира.






