Поддршка за протестот даде и една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, Сузана Гавазова, која зад себе има голем број хитови и албуми се огласи на социјалните мрежи по повод оваа тема.
Таа на нејзиниот профил на фејсбук и повика граѓаните да учествуваат на хепенингот и со тоа да дадат поддршка на музичарите и сите соработници на целата свадбена индустрија.
Според организаторите, целта на овој протест е да докажат дека постои огромна Сложност помеѓу нив, дека во иднина многу посериозно ќе се борат за нивните права, а воедно и да ги претстават нивните барања пред Владата.
-Ве покануваме на голем масовен протест во име на 20.000 илјади засегнати заборавени граѓани и работници, кои достојно и макотрпно од дома ги следеа случувањата со Ковид вирусот, но за жал и возврат не добија шанса да работат по нормални услови и барања како сите останати гранки во државата – се вели во повикот.







