Рускиот претседател Владимир Путин вчера вечер му наредил на Министерството за одбрана да обезбеди одржување на мирот во Доњецката и Луганската народна република.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди испраќање руски војници во источна Украина. Според наредбата која вечерва ја потпиша Министерството за одбрана, руската армија тргнува во „мировна мисија“.
Влегувањето на руските вооружени сили веќе започнало, објави АФП.
Додека рускиот претседател Владимир Путин нашироко објаснувал зошто е неопходно Донбас и Луганск да се признаат како независни држави, на влезот во Доњецк се појави голема колона воени возила, вклучително и тенкови.






